Секоја држава треба да развие социјална економија односно социјално претприемништво преку кое ќе ги интегрира ранливите категории и ќе ги направи активни придонесувачи, а не само примачи на социјална помош, истакнаа учесниците на денешната Конференција наменета за промоција на социјалното претпримништво пред приватниот сектор
Минатата недела во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандманот и официјално од нивна страна беше доставен до Собранието согласно процедурите, а јавна поддршка добивме и од политичката партија Левица, како и од Демократски сојуз, Социјалистичка партија и ДОМ, додека СДСМ калкулира, а ДУИ сеуште молчи
Во Стопанската комора на Македонија од минатата година е формиран Советот за високо образование и стратешки истражувања заради зголемување на вештините и знаењата на менаџерите од повеќе нивоа на сите компании
Под покровителство на Стопанската комора на Македонија и Турција МАТТО и збратимената Стопанскa и индустриска комора на Фетије, ФТСО денеска во Скопје ќе се одржи работна средба за соработка во областа на туризмот помеѓу Република Македонија и Фетије, Република Турција
Но, се намали и вработеноста, од 47.3% на 47.1%. Овие остварувања се резултат на понатамошното пасивизирање на населението (пад на стапката на активност од 55.7% на 55.3% помеѓу два квартала).
Tимот на СУГС „Никола Карев“ од Скопје со концептот „Нов иновативен систем за наводнување“ го освои првото место на средношколскиот натпревар „Најдобар бизнис концепт 2022 година“ кој се организираше во рамките на активностите на новоформираниот Центар за извонредност на стручно образование и обука на Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
Македонија ви нуди едни од најповолните пакети за инвестирање во Југоисточна Европа и законодавство кое е сто отсто синхронизирано со европското.
-Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите, нагласи Бислимоски.
Вчера, приватната болница Неуромедика го прослави на највисоко ниво јубилејот 30 години постоење со голем гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости
Поради зголемениот обем на производство, очекуваме оваа година компаниите да искористат 20 проценти повеќе гас, а економската активност за првите пет месеци и покрај кризата и ризиците расте со стабилно темпо, изјави директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски