Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми се обрати на Самитот за патишта на Западен Балкан 2022 што се одржува во Тирана, на кој учествуваа претставници на ЕБОР, ЕИБ, на транспортната заедница, директори на јавни претпријатија и други релевантни претставници
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески бара државата веднаш да преземе мерки кои би значеле пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима
Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто
Дигитализацијата во туризмот е многу битен сегмент, кој се случува сакале ние или не. Таа е дел од нашето работење и колку побрзо и подобро се вклучиме во тој процес толку ќе имаме и подобри резултати, смета деканот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Цветко Андреески
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – април годинава, изнесува 2 622 000 000 евра и бележи пораст од 15.1 % во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика
Со секоја нова средба на членките и пријателите на Отворен Балкан обезбедуваме посилна соработка, олеснета комуникација и подобри услови за развој на економијата, напиша утрово на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски
Советот на Народна банка на последната седница ја донесе Програмата за истражувачка активност за периодот 2023 ‒ 2025 година и ја усвои Годишната информација за плаќања за 2021 година
Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска официјално ги добил сите податоци од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и утре ќе одржи координативен состанок.
Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе предлог-амандман за измени и дополнувања на Буџетот за 2022 година со кој бара да се обезбедат финансиски средства за исплата на 2.806 денари за вработените во јавниот сектор