Креирање можност во договорите на градежните проекти за скалесто менување на цените согласно инфлаторните движења, според градежните здруженија и комори е излез од состојбата во која се наоѓа градежниот сектор поради поскапувањето на градежните материјали и нестабилноста на цените
Инспекциските служби ќе контролираат дали зголемувањето на цените што се случува изминативе денови е реално или не
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа
Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија денеска донесоа одлука за генерален штрајк што треба да се одржи на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година
Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во државава во 2020 година изнесува 545 015 денари, објави денеска Државниот завод за статистика
Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече вицепремиерот за економски прашања
Со панел дискусии и изложбени штандови на повеќе компании од Полог, претпладнево беше отворен саем за вработување и кариера во седиштето на Младинскиот ресурсен центар „I Can“ во Гостивар
Откако вчера Сојузот на синдикатите на Македонија не постигна договор со Владата за линеарно зголемување на платите, денеска ќе заседаваат претседателството и советот на ССМ кои треба да одлучат за почнување генерален штрајк