Даваме голема поддршка на странските инвеститори кои ќе донесат одлука да реализираат инвестициски проекти во земјата, а преку оваа поддршка за странските инвеститори директно се поттикнува целокупната економија, порача министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема „Трговија и инвестиции“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Македонија што денеска се одржува во Вашингтон
Стопанската комора на Македонија и Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ организираат тркалезната маса на која ќе се дискутираат неколку теми поврзани со Предлог законот за инсолвентност, раните знаци за предупредување за настанување на инсолвентност и можностите за поефикасно преструктуирање
По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот
Тој напомена дека во моментов Министертсвото за економија и Министерството за финансии веќе работат на редизајнирање на мерките.
Во однос на намалување на ударот од зголемување на цените на енергенсите тој ја нагласува потребата за активирање на сите домашни капацитетите за производство на електрична енергија, како и за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија.
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Хрватскиот технолошки лидер Инфинум, познат по развивање дигитални производи за глобалниот пазар, отвори канцеларија во Скопје каде планира да ја пренесе својата култура на повеќекратно наградуван работодавач, како и едукативни иницијативи за зајакнување на локалната ИТ-заедница
Министерството за транспорт и врски во пресрет на носењето на ребалансот на Буџетот веќе направи реалокација на средства и ги намали сите непродуктивни трошоци кои претходно беа предвидени, а додаде средства за изградба на капитални инвестиции, особено во делот на изградбата на гасоводите, потврди денеска ресорниот министер Благој Бочварски
Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви ако сакаме полесно да ги пребродиме ценовните шокови, апелира денеска Сојузот на стопански комори
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата