Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата
Во првиот квартал годинава стапката на слободни работни места изнесува 1.75 проценти. Од вкупно 8 729 слободни работни места, најголем број 2 712, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба, објави денеска Државниот завод за статистика
Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март
За интерконекторот со Грција се работат инфраструктурните проекти, односно урбанистичкиот план преку кој ќе влеземе на трасата на кој ќе се гради гасоводот, а потоа следат постапките за експропријација и сите останатити процедури со издавање одобрение за градење, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски
Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври
Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“, информират од Министерството за финансии
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека издаде дозвола број 04 за основање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови на Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ
Претставниците од стопанските комори кои се дел од Асоцијацијата на балканските комори (АБК) на годишното Генерално Собрание, кое се одржа виртуелно на 31 мај 2022 година, во рамки на претседавањето на Стопанската комора на Кипар со АБК, дискутираа за повеќе теми осврнувајќи се на актуелните случувања во земјите-членки на АБК
Енергетската криза и реформите што државата ги презема во делот на енергетиката беа во фокусот на средбата што вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја имаше со новиот директор на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, кој на оваа функција е поставен пред околу шест месеци
Размена на мислења во врска со снабдувањето со природниот гас, но и за отпорноста на енергетскиот систем и функционирањето на регулативата во време на енергетската криза, беа тема на денешниот состанок во Скопје на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со Артур Лорковски, новоименуваниот директор на Енергетска заедница (ЕЗ)