Тој потенцираше дека иницијативата „Отворен Балкан“ е важна во процесот на забрзување на регионалната соработка, поради што и треба да добие поддршка.
Ова е пораката од првиот панел на Скопскиот економски форум – #СЕФФ2022, кој се однесува како да се одговори на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, а во насока на одржување на економскиот раст.
Учеството на Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува извонредна можност за воспоставување директни контакти меѓу бизнис заедниците и за привлекување јапонски инвестиции во нашата земја, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи
Агенцијата „Марили“ во саботата на 28 мај го одржа 26.тото издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2022“.
По речиси една декада на ниски стапки на инфлација, минатата година светот започна да се соочува со зголемена инфлација, предизвикана од шокови на страната на понудата
Изградбата на двете фотонапонски електрани е планирана во околината на веќе постоечки термоелектрани, што ќе има финансиска корист, бидејќи ќе се користи постоечката патна и енергетска инфраструктура.
Земјоделско-прехранбената, металната и електро индустријата, фармацијата, производството на медицинска опрема, градежништвото и туризмот, се секторите со најголем потенцијал за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Романија, беше речено на денешниот бизнис форум што се одржа во Стопанската комора
Цената на дизелот од полноќ се зголемува за еден денар по литар, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат
АД ЕСМ одбележа 65 години од почеток со работа на најстариот производен капацитет во рамките на АД ЕСM, хидроелектраната Вруток, пуштена во работа во 1957 година
Имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваме, владите мора да имаат одговор за фискална одржливост и да ги заштитат најранливите од влијанијата, порача од Скопскиот економски и финансиски форум потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија Ана Бјерде