Бараме најмалку 20 денари за килограм грозје од годинешната реколта и нема да дозволиме никој со објавување на првични суми да ја урива откупната цена уште во месец мај, реагираат вечерва од регионалното здружение „Напредни лозари“.
Ситуацијата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително тешка и неизвесна, економските оператори немаат резерви со кои би можеле да ја одржуваат нарушената ликвидност, бидејќи кризата со која се соочуваме трае многу долго, а предизвиците се надоврзуваат еден на друг.
Енергетската криза од крајот на 2021 година и неизвесноста создадена од воениот конфликт во Украина, значително влијаеја врз увозните цени на енергенсите и кај нас, при што првиот удар врз домашната економија се одрази на домашниот девизен пазар.
На средбата беше кажано и тоа дека има можност покрај на рати, исплатата да биде и во рок на седум дена, под посебни услови.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво.
„Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа и тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал”, рече Ковачевски.
АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов.
-Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, вели Бислимовски во изјава за медиумите.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска соопшти дека Комората по повод 100-годишнината од постоењето, добила Oрден на заслуги од претседателот на државата.
Општа е оценката дека Преспанскиот договор донесе подобра атмосфера во соработката, но економските резултати изостанаа зашто влеговме во период на пандемија. Сега се надеваме дека тоа ќе се надмине, оцени денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.