Тој додаде дека конкретните резултати од оваа иницијатива можат да придонесат и за напредок во Берлинскиот процес, кој во моментов е во стагнација.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКСМ) Бранко Азески, денеска во Белград ќе биде панелист на централниот панел на првиот „Open Balkan Forum“, што ќе се одржи во хотелот Хилтон
Во буџетот има пари и сите обврски на Владата, како што се пензии, плати, но и обврските кон компаниите, се исплаќаат редовно, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 во кој се дебатираше за ребалансот на Буџетот.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итна средба со претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика во врска со барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар
Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, покажува анализата на податоци од Народната Банка на Република Македонија
Средношколци и студенти на возраст од 15 до 29 години ќе можат да ги реализираат своите иновативни идеи во новата лабораторија за производство што беше отворена денеска на Технолошко-металуршки факултет
И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен
Сто и десет земјоделски производители од Тиквешко се пријавиле за грант за набавка на нови трактори, а 23 апликации има за грант за жени носители на регистрирано земјоделско стопанство
Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши.