По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе Решение за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје.
Очигледно дека Државното правобранителство и Основниот граѓански суд во Гостивар се многу заинтересирани да ги доограбат веќе ограбените физички и правни лица доверители во тековната стечајна постапка над Еуростандард банка.
Тој смета дека нема енергетска криза, бидејќи, како што вели, сите земја во Европа имаат електрична енергија, а проблемот е од финансиска природа заради зголемувањето на цената на струјата.
Дел од занаетчиите повторно реагираат и бараат надлежните уште еднаш да ги разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден
Сојузот на стопански комори на Македонија се залага за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето, како приоритетна цел во креирањето на економските политики во државата
Воедно, тој нагласи дека помошта на Владата ќе важи за цела година во делот на разликата од актуелната до цената што ќе ја одреди РКЕ.
Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.
Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат веднаш по формирањето на новата влада да се реши проблемот со 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа
Пет ветувања од Програмата на Владата 2020-2024 се исполнети, четири се во насока на исполнување, а 12 ветувања се во спротивна насока од ветената, покажува најновиот извештај „Големи економски ветувања, големи потфрлања“ направена од страна на „Finance Think“
Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои се обезбедении уште еднаш побара од општинтие и управата на Град Скопје да се донесат мерки со кои дополнително ќе им се олесни ситуацијата на граѓаните, по одлуката на РКЕ за зголемување на цената на парното.