Регионалната соработка, одржувањето на мирот и инвестирањето во образованието се трите клучни приоритети на кои треба да се посвети регионот на Западен Балкан во овие тешки времиња, порачаа премиерите на Македонија и на Србија
Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“
Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска одбележува 70 години од своето постоење
Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“
Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот за автопат од Скопје до границата со Косово кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски догодина очекува двојно зголемено производство на сончоглед или околу 10 000 тони
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одржа состанок со претставници на КfW, а во фокусот на разговорите, како што соопшти преку својот фејсбук профил, биле идните заеднички потфати и завршувањето на активностите на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема „Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно“
Уникатни изработки од 30-ина жени занаетчии се поставени на изложбата насловена „Жени во занаетчиство“, која овие два дена ќе биде отворена во Кабинетот на претседателот