Премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување на Сител ТВ најави дека во моментов се работи на ребаланс на Буџетот, кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци
Конкретно, трговијата се одвива преку приватните компании заради тоа што сите земји имаме либерално пазарно уредување. Ние имавме недостаток од нерафинирано масло, Србија имаше забрана за извоз на нерафинирано масло.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со март 2022 година, е забележан кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 12,9...
На следната седница на Владата, Министерството за економија ќе предложи укинување на одлуката за забрана за извоз на основни прехранбени производи меѓу кои и сончогледово масло за јадење, кои се главно инпути за производство на финални производи од производствени компании во Албанија и други земји во регионот
Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Пратениците побрзо да го донесат законот за земјоделски задруги што подолго време е заглавен во Собранието, а Платежната агенција да го распише огласот за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност согласно Програмата за рурален развој, бара Мрежата на земјоделски задруги
Во втората половина на следниот месец ќе продолжат градежните работи на пругата кон Бугарија, со активности на првите две делници, за кои се заокружува тендерската постапка за избор на изведувач, уверува директорот на ЖРСМ – Инфаструктура, Хари Локвенец
Трошоците на животот во април годинава се зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто
По вторпат во нашата држава ќе се одржи популарната меѓународна DevCon конференцијата каде на едно место ќе се собере ИТ заедницата од земјава