Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а бензините поевтинуваат за денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се повисоки за 0,8 проценти на месечно ниво и за 15,7 проценти на годишно ниво
АД ЕСМ, во договор и со поддршка на Синдикатот на компанијата, донесе одлука да им се овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес од деловни причини, за период од најмногу два месеци, односно во период на траење на енергетската криза, со исплата на 70 отсто од месечната плата на работникот
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во февруари годинава се повисоки за 9,5 отсто на месечно и за 65,2 отсто на годишно ниво
Во овој момент, нема простор за посериозна интервенција, освен да се нормализира увозот од Србија, како што е најавено, пред се на пченицата и на сончогледовото масло за јадење
Државниот завод за статистика денеска објави дека во февруари бројот на туристи во земјава изнесувал 35 642 од кои 53,1 процент биле странски и 46,9 проценти домашни туристи
За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, издвоени речиси 615 милиони евра, соопшти денеска Владата
Светска банка во најновата пролетна прогноза предвидува забавување на растот на македонската економија за годинава на 2,7 проценти
АД ЕСМ и Синдикалната организација во компанијата потпишаа нов колективен договор со кој, како што велат од ЕСМ, се унапредуваат и подобруваат условите за работа, како и правата на вработените
Стопанската комора на Македонија (СКСМ) достави барање до претседателот на Собранието Талат Џафери, законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, а во иднина, како што соопшти, законите конечно да се носат низ транспарентен и инклузивен процес со вклученост на засегнатите страни