Women in Tech Macedonia попладнево организира онлајн дискусија на тема „[QA] Automation testing essentials“. Целта е тестирањето на софтверот да биде поблиску до сите луѓе кои работат или се заинтересирани да работат како софтверски тестери фокусирани на автоматско тестирање
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски доцна синоќа на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија
Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто.
Обезбеден е природен гас до 15 април, кога завршува грејната сезона во Скопје, а од страна на Макпетрол сме известени дека има договорени и веќе платени количини на природен гас до крајот на април, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Во земјава нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење. Редовно сме во комуникација со трите наши домашни производители на масло за јадење и ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки со цел да го ублажиме притисокот во делот на зголемување на цените, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Министерството за економија објави два јавни повика за поддршка на домашните компании наменети за субвенционирање на микро и мали претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои ќе траат заклучно со 6 мај годинава
Агенцијата за вработување ги објави првите јавни огласи за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година
Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот, апелира претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески учествува на „23-от Меѓународен бизнис саем во Мостар“ што се одржува од денеска до 9 април. Мостарскиот саем е дел од мрежата на Здружението на изложувачи од југоисточна Европа (ЕАСЕЕ) и е една од најважните саемски манифестации во Босна и Херцеговина (БиХ) по бројот на изложувачи и посетители
Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача денеска извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Свето Јаневски