Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 68 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 74,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 76,5 денари за литар.
Владата планира овој месец да го донесе новиот оперативен план за вработување, со што ќе бидат издвоени нешто помалку од 40 милиони евра, некаде околу 38-39 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски рече дека децата треба да добијат европско знаење, а „тоа може да го даваат институции што ги почитуваат законите и што нудат таков тип на пренос на знаење“.
Дел од поголемите производители од живинарските фарми не сакаат да го предвидуваат пазарот на јајца во наредниот период, но велат дека сега нема никаков проблем и ситуацијата е стабилна.
Добра вест. Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“. Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.
Здружението на инженери на Република Македонија упати претставка до Регулаторната комисија за енергетика со барање за измена на Правилата за снабдување со електрична енергија со конкретни решенија за
Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов вчера рече дека работниците очекуваа Владата да испорача брзи, ефективни и ефикасни решенија за зачувување и унапредување на животниот стандард.
Тоа, како што рече, е непримерно и погрешно и нема така да помине, бидејќи ударот врз граѓаните е удар врз сите нас.
Живко Митревски и натаму тврди дека е незаконски сменет од позицијата претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека моментно таа функција ја извршува, како што вели, нелегитимно избраниот Слободан Трендафилов