Од утре (29 март) започнува етапната исплата на мартовските пензии, кои се повисоки за 1.000 денари
Седум македонски винарии учествуваат на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња, што почнува денеска, а ќе трае до 29 март
Владата вчера соопшти дека земјава, како и другите држави од Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави
Земјава следната недела ги очекува првите количини жито од Србија. Откако и официјално беше договорено да биде тргната забраната за извоз во нашата држава, северниот сосед ги почна административните процедури и формалности по кои се очекува реализација на увозот
На оваа дестинација ќе се лета два пати неделно – во сабота и понеделник.
Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед, пченка и ориз најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната средба со земјоделците во Штип
Во тек е подготовка на правни решенија со кои ќе се променат надоместоците за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, кое се спроведува од страна на Управата за имотно правни работи (УИПР). Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде е стекнато корисничко право
Србија ја тргна забраната и за извоз на сончоглед во Македонија и со тоа се решава проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци
Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании и трговците, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип
Европскиот совет ноќеска донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки на ЕУ со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија, а земјите од Западен Балкан првпат се вклучени рамноправно во овој нов механизам, информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи