Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика „Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње
За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави постепено повторно отворање на седум линии и воведување на две нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во седум држави, почнувајќи од март и мај
Во периодот јули – декември 2021 година во државава се запишани 4.400 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 1.424.429.882 евра и 13.636.862.460 денари, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности
Амбасадата на Република Италија и Италијанската трговска агенција (ITA) денеска организираат конференција на тема „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“
Граѓаните да бидат спокојни, ќе има доволно количини пченица, пченка, брашно и масло за јадење, порача вчера од Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски
Според извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени, очекувањата на бизнисот биле дека поголемиот дел од електричната енергија произведена во домашните капацитети, ќе се користи од страна на фирмите, но таков фидбек нема.
Одредени политички партии и центри се занимаваат со лажни вести, само за да креираат паника и на таков начин, индиректно, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
Цената на бензините и на дизелот останува иста, само Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.
Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари. Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија.