На денешната седница Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја донесе Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството.
За набавка на вештачко ѓубриво за производство на пченица и јачмен предвидени се 120 милиони денари или околу два милиони евра.
Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.
Европската комисија објави втор повик до граѓанските организации на територијата на Србија, да поднесат предлог проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Македонија за 2016-2020 година
Нема проблем со обезбедувањето суровини за еден од основните прехранбени артикли, маслото за јадење
Железничкиот сообраќај попладнево од 15 часот е во целосен прекин и не сообраќаат сите патнички и товарни возови, откако машинскиот и извршниот персонал повторно го активираше бојкотот заради неисплатени материјални трошоци и прв дел од платата за минатиот месец
За разлика од поддршката на акцелераторите кои подразбираат иновациска инфраструктура но со фокус на обезбедување менторство и инвестиции, ФИТР преку „ Фаб Лабс“, покрај обуки и менторство ќе обезбеди просторни и технички услови за производство на иновативни решенија, од фаза на идеја до фаза на прототип и тестирање, со можност за мало сериско производств
Македонски и чешки компании имаат долга историја на заедничка соработка со потенцијал за продлабочување, особено во секторите транспортна инфраструктура, енергетска индустрија и производство на медицинска опрема, беше истакнато на денешниот бизнис форум кој се одржа во DoubleTree by Hilton во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Република Чешка
Прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2021 година е за 5,1 отсто повисок отколку во истиот период од 2020 година
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе одлука за малопродажните цени на нафтените деривати што ќе важат од ноќеска на полноќ. Како што велат од РКЕ исполнети се предусловите за носење нова одлука