Како што соопшти Министерството за финансии, ова беше констатирано на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со делегација на Европската инвестициска банка предводена од потпретседателката на оваа меѓународна финансиска институција Лилјана Павлова.
Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
Во Македонската берза денеска заѕвони берзанското ѕвоно во знак на родовата еднаквост. Со тоа, втора година по ред Македонската берза е дел од глобалната иницијатива „Да заѕвониме за полова рамноправност“ во која годинава се вклучени 117 берзи ширум светот.
До 1 јуни да се знаат условите околу откупот на грозјето од годинашнава реколта, во спротивно ќе преземеме порадикални мерки, апелираат денеска од регионалното здружение „Напредни лозари”, со седиште во Кавадарци
Народната банка (НБ) објави повик за пријавување трудови за 42. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 31 март годинава
Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, смета претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервју за познатиот бугарски туристички сајт Bgtourism.bg коментира дека државава има за цел да го зголеми од 15 до 20 отсто бројот на ноќевањата во 2022 година и бројот на туристите да го зголеми за 10 до 15 проценти
Дури 56 отсто од жените во руралните средини немаат информација за можностите за финансиска поддршка што им се нудат, а работат и по 11 часа на ден
Цената на бензините од полноќ се зголемува за 5,5 денари за литар, а на дизелот за 10 денари, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.
Просечната месечна пензија на крајот на минатата година изнесуваше 15.876 денари, а на крајот на 2022 година проекциите се дека ќе биде околу 17.300 денари, порача премиерот Димитар Ковачевски