Ние, додаде, веќе работиме на можни мерки и во наредните денови од страна на Владата и премиерот ќе биде соопштено тоа што се размислува и ќе се дизајнира како паркет на мерки за надминување на актуелната состојба.
Подготвени сме со механизми, со дополнителни средства да им помогнеме на земјоделците, на компаниите во овие кризни времиња, за да ги анулираат трошоците од растот на цените, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски
Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на трговскиот центар „Ист гејт мол“
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што констатираше дека во објектите кои со новите измени имаат дозвола да работат во недела, се применуваат новите новите законски одредби
Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Засега не се очекува рецесија во Европската Унија
Владата на Република Македонија ги информира граѓаните дека од страна на Управата за финансиска полиција, заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива
Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста во четвртото тримесечје лани е намелено за 5,6 проценти, односно за 0,9 процентни поени во споредба со истиот период во 2020 година
Како што истакнаа оттаму, Владата продолжува со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината.
Во публикацијата истакнуваат дека во четвртиот квартал од 2021 година БДП во земјава се зголеми за 2,3 проценти на годишна основа, со што целата 2021 година заврши со раст на БДП од 4 отсто.
Министерството за финансии (МФ) преку проектната единица МСИП реализира Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор за што се обезбедени средства во вкупна вредност од 25 милиони евра со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка