Во интервју, гувернерката Ангеловска-Бежоска рече дека капацитетот на банкарскиот систем јакне и во овие неизвесни времиња и додаде дека директната изложеност на банките кон руската и украинската економија е минимална, а руски и украински банки нема кај нас
Сојузот на стопански комори на Македонија со гордост информира дека винаријата „Венец“, кој е негов истакнат член, е добитник на златен и на сребрен медал на пролетното издание на престижниот натпревар на вино „Мундус Вини“
Граѓаните да бидат смирени и да не се грижат зошто во земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви
Финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни и промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите, договорија Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите
Премиерот потенцираше дека она што вчера се случи било предизвикано од страна на неколку помали продавачи на нафтени деривати, кои ги ограничија количините од шпекулативни причини.
Според министерот за финансии Фатмир Бесими, средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.
Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на територија на цела држава.
Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето.
Одгледувачите на свињи го поздравија ваквиот чекор и истакнаа дека мерките се носат навреме.
Министерот за финансии Фатмир Бесими се сретна со амбасадорот на Италија во Скопје Андреа Силвестри со кого разговараше во врска енергетската криза и последиците врз економијата во Европа, за зајакнување на економската соработка со Италија и за италијанската поддршка за приклучување на земјава во Европска Унија