Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица, рече министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши за БНТ, истакнувајќи дека цел на Владата е продлабочување на соработката со Бугарија, како и со другите соседни земји, јави дописникот на МИА од Софија.
Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип денеска поднесе иницијатива до Уставен суд на Република Северна Македонија за оценување на уставност и законитост на членот 12 од Законот кој одобрува градежни работи во просек од 60 часа неделно за Коридор 8 и Коридор 10.
Согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, буџетите и буџетските корисници имаат обврска годишните завршни сметки да ги достават до Регистарот на завршните сметки при Централниот регистар и до Државниот завод за ревизија до крајот на месецов и да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки
Граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија над 4 милијарди денари (66,2 милиона евра) од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување во 2021 година
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека се размислува и ќе се посегне по промена на моделот за раст на пензиите.
Со литургија, закројување на лозите винаријата „Стоби“ го одбележа празникот Св. Трифун, заштитникот на виното и винарите.
Свечениот чин на закројување на лозјето го проследија и претставници на дипломатскиот кор, на институциите, на компанијата и бизнис заедницата, како и на медиумите, заедно наздравувајќи за богат род и врвно вино од годинешната берба.
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто.
Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември минатата година се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.