Вкупно 36 отсто од населението во земјава е надвор од пазарот на труд, а 80 проценти се долгорочно невработени поради несовпаѓање на вештините со потребите на стопанството. Проблемот со недостиг на стручен кадар без практично искуство може да се реши само преку реформи во образованието за што, пак, е неопходен стабилен и одржлив систем на финансирање
Tреба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува, директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски
Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза
Владата на Република Македонија на деветата редовна седница, која се одржа синоќа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година со која е продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеца
Грант од околу 3,4 милиони евра, во рамки на првиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РФП), денеска ќе им биде доделен на 29 фирми – членки на Стопанската комора, за да го продолжат дуалниот модел на образование со седум стручни училишта и една вискокообразовна институција
Министерството за финансии денеска и утре е домаќин на бугарска владина делегација предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации
Министерството за финансии утре и задутре е домаќин на владина делегација од Република Бугарија предводена од министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации
Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата, порачуваат од ССМ и бараат веднаш да се прифатат нивните барање
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска го посети претпријатието „Метал Декор Дизајн“
Програмата на економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во којашто се идентификувани клучните предизвици за зајакнување на конкурентноста и растот на економијата беше усвоена на вчерашната седница на Владата, а министерот за финансии Фатмир Бесими официјално треба да ја достави до Европската комисија најдоцна до 31 јануари