Лани во ноември во земјава вкупно се потрошени 699.451 мегават часови електрична енергија, 47,974 милиони нормални кубни метри природен гас, 319.373 тони јаглен и 102.983 тони нафтени продукти
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика пратениците да ја изгласаат нивната иницијатива за законското решение за пораст на минималната плата со износ од 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари
Со имплементирањето на ISO стандардите во производствените процеси, со опсег на сертификација, развој и производство на жичани производи, производи од метал, медицински мебел, машини за чистење надворешни површини, „Брако“ директно одговара на високите критериуми и барања од Меѓународната организација за стандардизација (ISO), порачуваат од велешката компанија и додаваат дека ISO стандардите се основа на нивната бизнис стратегија
Неколку билатерални договори за соработка во различни области потпишаа денеска ресорните министри во рамки на заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија, која се одржува во Софија
Од утре почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши два пати годишно во јануари и јули
Според СКСЗМ, изрекувањето на казните за превозниците од Република Македонија се должи на немање договор меѓу двете влади.
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра), покажува истражувањето и базата на податоци на договорите на државните институции со приватни фирми за зимско одржување на улиците и патиштата за сезоната 2021-22 на Центарот за граѓански комуникации
Владата денеска на седница го разгледа и прифати усогласениот текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“, што се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади која ќе се одржи утре во Софија
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека средбата со Владата што требаше да се одржи денеска е одложена за 31 јануари 2022