Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор постојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес
Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економскиот раст и вработеност кој треба да се активира
Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен ден“
Две третини од реколтата тутун се веќе откупени. Според Сојузот на земјоделски здруженија, откупните претпријатија имаат преземено над 15.000 тони, а просечната цена е 194 денари за килограм
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo три хектари
АД ЕСМ ги потпиша договорите за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на Балкан Енерџи (Производство, Дистрибуција и Снабдување). Од компанијата соопштија детали од потпишаните договори
Давателите на поштенските услуги на слободниот пазар во првото полугодие од 2021 година имаат зголемување кај пакетските услуги за 76 проценти во однос на истиот период од претходната година
Како што информира владината прес-служба, Договорот е одобрен врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
Во духот на конструктивната соработка премиерот Ковачевски и претседателот на Стопанската комора Азески се согласија дека на 18 февруари Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд во врска со законското решение за недела неработен ден
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година.