Владата на денешната четврта седница го одобри текстот на Договор за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Македонија (АД ЕСМ).
За проверка на квалитетот на течните горива во земјава отсега ќе бидат потребни два часа наместо досегашните три дена
Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Речиси сите макроекономските показатели се движат во согласност со очекувањата. Но, неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и нејзините ефекти и понатаму постојат, заклучи на седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
ЕСМ денеска попладне на владина седница треба да го достави Предлог-договорот за соработка со БЕГ и веќе од утре да го преземе управувањето со топлинската енергија
Средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе се одржи на 24 јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден
Извршните директори на Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз Владимир Малинов вчера на работна средба во Скопје дискутирале за можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас, соопштија од НЕР АД Скопје
Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици
АД ЕСМ во моментов ги покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, а непречено тече и набавката на јаглен за потребите на термоцентралите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
АД ЕСМ од петок 21 јануари ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север за што претходно на седница одлука ќе донесе Владата, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.