Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија на вонредна седница расправаше за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од страна на Стопанската комора на Македонија со која се оспоруваат измените на Законот за работни односи со кои се уредува работата во недела.
За околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје, најави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој нагласува дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.
Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност
Досега 13 градови во Македонија се подготвени за 5Г, а до крајот на месецов, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени и регионите на Струмица и Радовиш, соопшти денеска компанијата Македонски Телеком
Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2021 година е намален за 0,1 процентен поен во однос на ноември 2021 година и изнесува 14,4, а во споредба со декември 2020 година е зголемен за 0,7 процентни поени
Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија донесе вечерва на седница Владата, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.
За еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Светле Пупунческа од Прилеп, магистер е по економски науки. Со семејството произведува бостан, пиперки, кромид
АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата на Република Македонија и РКЕ за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија