Врвен приоритет е изградбата на Коридорот 8, кој неоправдано доцни со децении. Поврзувањето исток-запад, со Албанија и Бугарија претставува стратегиска обврска и фокус на владата до 2024 година, истакна претседателот на СДСМ и мандатар на новата влада, Димитар Ковачевски во експозето во Собранието
Создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години е главен фокус на новата влада, истакна претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски во експозето во Собранието
Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена
Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имало јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем.
Според оваа Уредба, постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во Република Македонија ќе го врши Комисија за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која ќе ја формира министерот за економија.
Вкупниот промет во индустријата лани во ноември е зголемен за 18,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а пораснал за 10 проценти во однос на октомври 2021 година
Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38 997, од кои 45.5 проценти се домашни, а 54,5 проценти се странски
РЕК Битола информира дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2 и дека сè уште и во континуитет преземаат активности за санација на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожар на 5 ноември 2021.
Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел дискусијата на „Еуромани“ што се одржа виртуелно, а на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа
Во тек се разговори за три големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, обелодени денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски.