Воедно, тој нагласи дека помошта на Владата ќе важи за цела година во делот на разликата од актуелната до цената што ќе ја одреди РКЕ.
Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.
Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат веднаш по формирањето на новата влада да се реши проблемот со 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа
Пет ветувања од Програмата на Владата 2020-2024 се исполнети, четири се во насока на исполнување, а 12 ветувања се во спротивна насока од ветената, покажува најновиот извештај „Големи економски ветувања, големи потфрлања“ направена од страна на „Finance Think“
Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои се обезбедении уште еднаш побара од општинтие и управата на Град Скопје да се донесат мерки со кои дополнително ќе им се олесни ситуацијата на граѓаните, по одлуката на РКЕ за зголемување на цената на парното.
Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет е увоз на свињи од од Македонија и делови на Србија, односно од Пиротскиот, Зајечарскиот, Борскиот, Браничевскиот и Подунавскиот округ.
За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка.
Во интервју за „Локално“, Лазаров вели дека до првото вето од страна на Бугарија, економските односи меѓу двете држави биле во нагорен тренд и дека актуелната ситуација само ги оддалечува двата народа.
Во периодот јануари – ноември 2021 година, од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 390,084 милијарди денари (6,329 милијарди евра), што е за 20,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година
Увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) лани во ноември биле пониски за 1,0 отсто на месечно ниво, а повисоки за 91,6 отсто на годишно ниво