Македонските граѓани во првите девет месеци од минатата година потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници, што претставува пораст од 84,5 проценти во однос на истиот период во 2020 година
Синдикатот на вработените во „Влеча на возови“ при Железници Транспорт информира дека на 80 нивни колеги не им е продолжен договорот за работа и најавува дека доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив, ќе го блокираат железничкиот сообраќај
Во Буџетот во 2021 година е остварена реализација на вкупните приходи за 15,3 отсто повеќе во споредба со 2020 година, додека кај капиталните расходи е забележан раст на реализацијата од 45,2 процента во однос со 2020 година
Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички во трговијата во земјава. Податоците на Народната банка за третиот квартал од изминатата година покажуваат висок годишен раст и кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции и тоа за 16 и за 14,9 проценти
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Управата за јавни приходи каде ќе одржи работен состанок со директорката Сања Лукаревска и со раководството на УЈП
Царинската управа ја завршила 2021 година со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет.
Стапи во сила Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика, потпишан во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.
Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор ( УО) на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици
Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Ангеловска-Бежоска во интервју за националниот сервис МТВ посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција презема повеќе мерки во овој сегмент