Според организаторите на настанот, на панел дискусија ќе учествуваат компании од повеќе градови од земјава, кои ќе им одговараат прашања на студентите во врска со нивната кариера за новата 2022 година.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на подготвителна седница пред енергетските компании ќе ги презентира механизмите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија.
Стопанската комора на Македонија денеска ќе презентира анкета за странски директни инвестиции, како и резултати од работењето за оваа година на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.
На денешната владина седница е утврден текстот на Предлог-законот за платежни услуги и платни системи кој треба да го замени постојниот Закон за платниот промет донесен во 2007 година.
Дополнително, имајќи ги предвид високите цени на електрична енергија на отворениот пазар на електрична енергија, количините на електрична енергија од повластените производители ќе се распределат кај сите останати снабдувачи и трговци.
-Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци се со вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра, информираше владината прес-служба по седницата на Владата
Акцелераторот УКИМ инвестираше во решението Листа на стартапот „Брандер Студио“ и во играта „SciGirl: The Internship“ на стартапот „Синдекс“ кои учествуваа во акцелераторската програма за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании, БАУ АПА2021
Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Царинската управа Славица Кутиров на денешниот состанок разговарале за активностите поврзани со проектот за воведување на „Track&Trace“ системот за следење на акцизни производи, за справување со сивата економија, но и за реализација на проектите кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“
Во јануари 2022 година ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски
Министерот за финансии Фатмир Бесими, на веќе традиционалната средба на крајот на годината со поранешните министри за финансии, заеднички покренаа иницијатива за формирање Совет како експертско тело кое ќе биде дел од Скопје економски и финансиски форум (СЕФФ) и во чии рамки ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за коишто е потребен консензус во општеството