Минималната плата, зголемена или не, е во фокусот на интересот на крајот од годинава. И кај работодавците, и кај синдикатите, и кај Владата и кај граѓаните.
Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ склучи спогодба и договор во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со Марковски Компани, во вредност од 1,5 милијарди денари или скоро 19 милиони евра
Занаетчиска комора не се откажува од барањето за субвенционирање на 3000 денари за минималната плата за занаетчиите, изјави денеска претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлиjи
Завршена е првата фаза од подготовката за Националната развојна стратегија 2021-2041, а веќе во јануари се очекува да почне втората фаза
Направивме голем исчекор во иницијативата „Отворен Балкан“, затоа што ја отвораме мобилноста на работната сила меѓу трите држави и се надевам многу брзо и меѓу сите шест држави од Западен Балкан. Крајната цел е поголема конкурентност на нашите економии, а регионалната конкурентност ќе биде спасот за овој регион, оценува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи
Побрз и одржлив економски раст на земјава е можен, доколку се зголеми потенцијалот за раст, а тоа може да се постигне само преку структурни политики со кои позитивно ќе се делува на трите фактори од кои зависи долгорочниот раст – трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Капитал“
За иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Талат Џафери сме информирани дека истата е доставена до пратениците во најкус рок за само 4 дена од денот на поднесувањето на истата
Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју
Годината што изминува е година во која го започнавме опоравувањето, но за жал изгубивме и одредени можности поради глобалните кризи
Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава, но сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот, каде според податоците од Евростат личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 %, Албанија – 9,8%, Црна Гора – 12,5% и Косово – 18,5 % од БДП