Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот на транспорт и врски Благој Бочварски
Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Македонија, објави попладнево „Газета експрес“.
Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително беше потпишан и договор за заем од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.
Меморандумот за соработка го потпишаа продеканот за финансии и соработка со стопанство на ФЕИТ и управител на ИНОФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски и претседателката на Управниот одбор на МАСИТ Анета Антова Пешева.
На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 7,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, информира Народна банка (НБ).
Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот.
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ги промовираше двете нови услуги: Едукативна тренинг платформа и Конкурентна плата.
На седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува денеска во Тирана беа потпишани договори меѓу Албанија, Македонија и Србија.
Народната банка е вистински центар на знаење и значајна алка во институционалниот систем, како во земјата, така и во регионот
Од 1 јануари наредната година треба да почне да се применуваат измените на Законот за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден, откако вчера Собранието ги усвои на пленарна седница. Усвоени беа и измените во Законот за трговија, во кој исто така се регулира дел од работата во недела