Согласно оваа одлука, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено до Собранието на усвојување.
Екипи на Хидросистемот „Маврово” во текот на снежниот викенд во западниот дел од државата, работеа на дел од далноводите во надлежност на АД ЕСМ, кои ја носат електричната енергија од хидроелектраните до преносните и дистрибутивните системи на МЕПСО и ЕВН.
Вкупниот број на туристи во октомври изнесувал 53.828 од кои 58,9 проценти биле странски туристи, а 41,1 процент домашни туристи
Стопанската комора, поддржана од 20 свои реномирани членки, кои што се меѓу најголемите економски чинители во земјата, бара од „Македонска берза“ да се одложи примената на одлуката со која што се вршат измени и дополнувања на правилата за котација и кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на „Македонската берза АД Скопје“
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Деветтото издание на Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021, поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) почна денеска во Скопје
Скопје во следните четири дена е домаќин на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, на која, како што е најавено ќе присуствуваат високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации.
Според податоците на „Еуростат“, најмногу интернетот годинава се користел за телефонирање, односно 90,6 проценти, потоа за следење на социјалните мрежи (85,2 отсто) и за размена на пораки преку Скајп, Месинџер, Ватсап, Вибер… (82,3 проценти).
Првичната иницијатива е испратена од Стопанската комора на Македонија на ден 3.11.2021 година во која покрај одложувањето на примената, се наведува дека процесот на донесување на Кодексот е спроведен без консултација на бизнис заедницата.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава