„Фајнанс Тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за годинава на 4,1 проценти, а проекцијата за следната година според нив е 4 проценти
Фармерите кои од почетокот на годинава до крајот на септември набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пак пчелини матици од одобрени одгледувачишта, ќе можат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“
Дури 90 проценти од компаниите и институциите во земјава се свесни за придобивките што ги носи дигитализацијата за финансиските услуги, а над 70 отсто инвестираат во дигитална трансформација, беше посочено на почетокот на 13-тата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што традиционално ја организира Народната банка
Интензивирање на соработката помеѓу македонските и руските иновативни стартапи, како и креирање на засебна акцелераторска програма, преку која стартапите од двете земји ќе работат на поголемa инвестициска подготвеност, беше дискутирано на средбата во Москва на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров и претседател на руската Фондација „Сколково“, Аркади Дворкович
Од денеска во Стопанската комора на Македонија почнуваат првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси
Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија денеска и утре ја организира Тринаесеттата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура насловена „Плаќањата во дигиталната ера: од внатре кон надвор“
Според нив, понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија. Денеска се очекува и АД ЕСМ да ја достави понудата на отворениот повик на ЕВН Хоум
Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото
Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе ги прогласи најдобрите 100 успешни компании
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека не очекува зголемувањето на цената на електричната енергија да надмине 10 проценти