Со симболично боење сива инсталација поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше означен почетокот на кампањата „Внеси боја во сивата економија“, чија цел е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од нерегистрираните економски субјекти и да се поттикне намалувањето на сивата економија
Замрзнувањето на цената на одредени прехранбени производи е една од побрзите антиинфлаторни мерки, која служи да го заштити стандардот на граѓаните, кои живеат поскромно оцени универзитетскиот професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Љупче Давчев
Понудата што ЕСМ треба да ја даде кон универзалниот снабдувач ќе биде на ниво што нема да предизвика некое значително зголемување на цената на електрична енергија, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими
Стопанската комора на Македонија најавува неколку стратешки промени во работењето со кои компаниите во Комората треба да препознаат силен партнер кој ќе ги имплементира современите трендови и практики на дејствување
Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто
Министерството за финансии и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) почнуваат кампања за подигнување на свеста за последиците од сивата економија, нејзиното влијание врз животот на граѓаните и потребата од нејзино намалување
Основните трошоци на едно четиричлено семејство во ноември се зголемени за 320 денари во споредба со октомври, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Трошоците на живот во ноември се зголемени за 0,7 проценти, а цените на мало бележат скок од 0,3 отсто во однос на октомври, објави денеска Државниот завод за статистика.
Како што информираат од ЦЕФТА, дополнителниот протокол 6 обезбедува сеопфатна рамка за трговија со услуги во регионот и се заснова на Општиот договор за трговија со услуги (ГАТС).
Согласно задолжението од Владата и Анексот кон Договорот за администрирање на Фондот за микро и мали претпријатија, Развојната банка на Македонија објави јавен повик со кој се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци