Од денеска на полноќ цените на бензините ќе се намалат во просек за 0,27 проценти. ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтинат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) не се менува
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска е трет ден за амандманска расправа по Предлог-буџетот за следната година
Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Македонија, инфомираат од АД Електрани на Македонија – ЕСМ
Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ) се стекна со статус набљудувач во Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската Унија
Презентациите ќе се одржуваат преку интернет, на платформата „Вебекс“. Ќе бидат наменети за заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области
Блиската соработка и редовна комуникација меѓу бизнис секторот и Стопанската комора на Македонија е клучна во обезбедување што подобри услови за работа на компаниите, земајќи предвид дека Комората е гласноговорник на бизнис заедницата
Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW), известија од прес службата на Владата
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за Предлог-буџетот за следната година, откако вчера завршија предвидените пет дена за општата расправа
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државав втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври