Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект
Гувернерката на Народната банка (НБ) Анита Ангеловска-Бежоска, испрати телеграма со сочувство по повод автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 македонски граѓани, а седум се повредени
Договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола, а за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона, информираат од АД „Електрани на Македонија“
Стопанската комора на Македонија уште еднаш го повтори барањето – невакцинираните работници во приватниот сектор кои последните шест месеци не прележале КОВИД задолжително да се тестираат, но на сопствен трошок и тоа со брзи, а не со ПЦР тестови
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2022 година
Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница
Преку проектите „FabLab Skopje“ на ЦИРКО, „ФЕИТ ФабЛаб“ на ФЕИТ и „Inno Fab Lab“ на ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, кои се избрани за кофинансирање во рамките на „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) првпат инвестира во развој на иновациската инфраструктура
Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара од пратениците во текот на расправата за Предлог-буџетот да интервенираат со цел да се овозможи правична распределба на буџетските средства во делот на платите
Ќе се намалува рокот во кој јавниот сектор ќе ги исплаќа обврските што ги има кон приватниот сектор, предвидуваат предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина што ги подготви Министерството за финансии