Тој посочи дека во Предлог буџетот не се предвидени средства за справување со енергетската криза и нагласи дека ќе биде неминовно во првиот квартал од наредната година да се направи ребаланс и да се префрлат средства од капитални инвестиции за социјални трансфери.
Почнувајќи од 8 ноември, Фондот за Западен Балкан го отвори процесот на аплицирање за предлог проекти за земјите од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Ова е четврти повик од формирањето на Фондот, но прв што ќе се кофинансира со регионални грантови преку Инструментот за претпристапување
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е намален за 0.1 процентен поен и изнесува 14.7, а споредено со октомври лани е зголемен за 0.9 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2021 година во однос на третото тримесечје од 2020 година е намалено за 7,4 отсто
Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2021 година изнесува 4 978 219 000 денари и во однос на истиот период претходната година се зголемени за 0,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика
Наредната 2022 година ќе биде година на натамошно економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции кои во Предлог-буџетот се предвидени на историски највисоко ниво досега и се првпат поголеми од буџетскиот дефицит.
Министерството за финансии преку нови финансиски инструменти – развојни, зелени, проектни обврзници и обврзници индексирани со инфлацијата, ќе го финансира дефицитот на Буџетот за 2022 година што е проектиран во износ од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е помал за 2,2 проценти од БДП во споредба со предвидениот со Ребалансот на Буџетот за 2021 година
Експропријацијата за првата фаза од изградбата на автопатска делница од Скопје до Блаце е целосно завршена и според динамиката на работа се очекува тој дел од автопатот да биде завршен до средината на средната година, а да биде распишан тендер за втората фаза, информира денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски
Блок 2 на РЕК Битола е во функција. Во моментов на постројката се изведува технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот, соопшти АД ЕСМ
Во 2022 година економскиот раст во земјата се очекува да се забрза и да изнесува 4,6 отсто, бруто-инвестициите да се зголемат за 8,5 проценти на реална основа и да бидат значаен фактор за растот, додека потрошувачката се очекува да се зголеми за 3,1 отсто, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет