Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто
Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија. Интензивно се работи и на ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Република Турција, особено во секторот земјоделски производи, свежо овошје, зеленчук и преработена храна
Сувото време, без врнежи, е повеќе од добредојдено за земјоделските култури во овој период од годината кога есенската сеидба е во полн ек, а овозможи и продолжување на жетвата на оризот во Кочанско
Според Азески, постои загриженост кај дел од македонските компании дека инвестициските работи од ваква големина силно ќе влијаат на постојниот комерцијален проток на стоки на овој коридор
Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) денеска е домаќин на компании членки на Стопанската и Индустриската комора на Едрене, Република Турција
Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ
Во Собранието денеска треба да почне расправата по Предлог-буџетот за 2022 година. Според објавата на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет закажана во 11 часот, а потоа треба да биде разгледан и на Законодавно-правната комисија
Дирекцијата на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) започна со редукција на уличното осветлување во делови од ТИР Зоните низ државата, а целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во Дирекцијата, како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор.
Нагласува дека состојбата се следи и оти очекувањата се дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира најдоцна до средината на наредната година.