Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК) во својата утринска телеграма порачува дека Македонија влегува во енергетска криза и оти во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува поради што црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби
Меѓународната технолошка компанија Софтелиженс (Softelligence) денеска најави дека ќе инвестира милион евра во државава во следните две години преку изградба на Центар за испорака во Скопје
Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на комората, Глигор Цветанов и Елена Милевска-Штрбевска, денеска ќе оствари средби во Виница и во Штип со претставници на компании од источниот регион
Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп, а изградбата се очекува да биде завршена за една година. Тунелот е составен од две цевки, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и кон Градско со должина од 159 метри.
Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, денеска најави дека Телеком на 16 ноември ќе ја отвори првата експозитура во Македонија и најави отварање на редакција на Блумберг Адрија за бизнис вести во Скопје
ТИРЗ се претстави на петнаесеттиот конгрес на автомобилската индустрија во организација на престижниот германски магазин „Аутомобилвохе“ на кој се среќаваат водечките луѓе од автомобилската бранша. На конгресот во Лудвигсбург, ТИРЗ го презентира новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за инвестирање во Македонија
Движењата кај основните макроекономски параметри се главно во рамките на очекувањата, а последните проекции не упатуваат на поголема промена на макроекономската слика во споредба со претходните оцени
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и Анета Трајковска, ќе посетат две компании од источниот дел на земјава, за кои Стопанската комора, заедно со уште други две фирми, првпат обезбеди директна финансиска поддршка со грант од Фондот за иновации и технолошки развој
Народната банка направи умерена нагорна корекција на проекцијата за инфлација на 3,1 процент од априлските 2,2 проценти, а за следната година очекува таа да изнесува 2,4 проценти