– Со ова дополнување на законското решение се врши либерализација на пазарот, што е и во насока на поголем техничко-технолошки развој на пазарната инфраструктура во областа на пазарот на капитал со влез на потенцијални странски инвеститори во оваа дејност, известуваат од Владата.
Прерано е да се зборува за цената на електричната енергија, бидејќи прво треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата, со цел притисокот да не биде постојано врз ЕСМ, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.
Тој нагласи дека се исклучува човечки фактор или саботажа за дефектот во РЕК „Битола“, како што шпекулираа некои медиумите, додавајќи дека трансформаторот е стар и е нормално да не е во добра состојба.
Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се со минимална исполнетост. Хотелиерите чекаат одговори од релевантните институции околу правилата за дочек на Нова година за да знаат што да понудат, но и дали ќе добијат субвенции од државата, за плати на вработените.
Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.
Закрепнување на македонската економија со раст од 3,9 проценти за оваа и за следната година предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции
Домашните стартапи кои се во рана фаза на развој, односно веќе имаат продукт (услуга), како и изработена понуда за пласирање на нивните продукти, ќе добијат бесплатна менторска програма развиена од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и PwC Македонија
РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Македонија, соопштија денеска од Електрани на Северна Македонија
Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании
На Земјоделскиот институт во Скопје денеска ќе се одржи Форум за адаптација кон климатските промени и можности за стартап бизниси во земјоделството