Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Цените на угостителските услуги во октомври се зголемени за 0,4 проценти во споредба со септември, а за 0,8 проценти во однос со октомври лани
Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – септември годинава изнесува 6 133 253 000 долари и бележи пораст од 33,8 проценти во однос на истиот период од претходната година
Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права
Поради дефект од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа
Како што информираат денеска од АД ЕСМ пожарот започнал на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот бил изгаснат
Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија на „ББ +“, со негативен изглед