Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж
Организацијата на работодавачи на Македонија денеска во Прилеп организира средба со претставници од бизнис заедницата од Прилеп, Ресен, Битола и Кавадарци на која ќе бидат презентирани предлозите на ОРМ за измена на законите за работни односи и за минимална плата, како и најавата за нов модел за вработување на инвалидни лица
И министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш повтори дека до крајот на годината нема да има поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, како што се микро и малите компании.
Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во вечерашното гостување на телевизија „Алсат“ порача дека Владата ја следи ситуацијата.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека мора да се прогласи енергетска криза и уверува дека компаниите нема да се соочат со рестрикции.
Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на електрична енергија што ја донесе Владата на 30 октомври годинава и која веќе е објавена во Службен весник е донесена со цел усогласување со одредбите на Законот за енергетика, порачуваат од Министерството за економија.
Мрежата за зелен финансиски систем во кој членува и Народната банка, денеска објави заедничка декларација за зелени финансии – Декларација од Глазгов
Активности за обнова на пистата на Скопскиот аеродром ќе се спроведат од 28 март до 16 мај следната година и во тој период авиосооообраќајот ќе се реализира од 17 часот и 30 минути до 9 часот следниот ден, најави денеска аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија.
Завршува проектот „Women’s Entrepreneurship CoAches training“ (2019-1-FR01-KA204-062215), по две години успешна имплементација, соопшти Центарот за управување со знаење
Осигурителните компании исплатиле 35.163 штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава, а од тоа осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра односно 20 отсто повеќе од лани