Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе се обрати на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“
Пари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура, за изградба на магистрални гасоводи и интерконективни гасоводи со Грција и Косово, како и за здравството, образованието и земјоделството, се предвидени во Предлог-буџетот за 2022 година
Владата на денешната редовна седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, со вклучен Акциски план, која предвидува стапката на невработеноста да опадне на 11 проценти за работоспособно население.
Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли денеска беше утврден на владината седница.
Енергетска криза е на глобално ниво и постои, а ние сме свесни за нејзините димензии и сме подготвени да одговориме и работиме на тоа.
Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај откако им беше исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември, потврди за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал
Избраните градоначалници да ги почитуваат барањата на занаетчиите кои се однесуваат на мерки и субевнции, Владата да ја субвенционира минималната плата доколку се зголеми на 18.000 денари и да најде соодветна ставка за дуќанџиите да не плаќаат надомест за индустриска електрична енергија
Предлог-буџетот за 2022 година е развоен со зголемени капитални расходи за 27 проценти во однос на лани. Намалени се непродуктивните трошоци, а планирана е редовна исплата на платите, пензиите и социјалните трансфери
Масовно јавно финансирање и приватни инвестиции се неопходни за спас на културните и креативните индустрии, продолжување на поддршката и сите грантови, како и изнаоѓање на нови начини на финансирање и правни рамки за зајакнување на креативната економија
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како претставник на шесте земји од Западен Балкан во Одборот на Виенската иницијатива, учествуваше на две панел-дискусии во рамки на Годишната конференција на Виенската иницијатива, што годинава се одржа во Хрватска