Бугарската Техничка влада денеска го одобри Меморандумот за разбирање помеѓу Македонија, Бугарија и Албанија за соработка во изградба на инфраструктура долж Коридорот 8, соопшти владината Прес-служба.
Со помош на американската помош, како што рече, во делот на енергетиката се направени речиси сите реформи во делот на барањата на Енергетската заедница и во делот на транспонирањето на регулативите и директивите на Европската Унија.
-ЕСМ има внатрешни и законски процедури кои треба да ги спроведе за набавка на јаглен од странство. Убеден сум дека тендерот ќе биде успешен зашто веќе имаме искуство со ТЕЦ Осломеј за каде се набавува јаглен од Косово, истакна Бектеши.
Претставниците од овој сектор уште еднаш порачаа дека има неопходна потреба од значително поедноставување на моделот на пријавување на работниците и намалување на трошоците што ги имаат работодавачите за вработените во овој сектор, чиј број од година во година се повеќе се намалува.
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал
За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка, беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз
Потребно е повторно да се поттикне динамиката на процесот на проширување односно нов почеток на проширувањето за да се овозможи исполнување на ветувањата на регионот во однос на неговата интеграција во ЕУ
Економскиот напредок на Западен Балкан во пост-ковид периодот, јакнењето на соработката во регионот, ЕУ и САД, како и иднината на земјите од Западен Балкан во овој контекст, беа темите во фокусот на отворањето на вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“
Заздравувањето на македонската економија е видливо, на што укажуваат и најновите нагорни проекции на ММФ и Светска банка за економскиот раст годинава од четири отсто и 4,6 проценти
Вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“