Министерот за финансии Фатмир Бесими ги започна активностите во рамки на Есенските годишни средби на ММФ и Светска банка (СБ), кои и овој пат поради пандемијата од Ковид-19 се организираат онлајн
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0.1, а цените на мало за 0.5 отсто.
На предлог на Комисијата за хартии од вредност, Министерството за образование и наука во соработка со Македонска берза а.д. Скопје ќе им понуди на економските училишта изборен предмет за финансиска писменост на учениците.
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека не се задоцнети евентуалните активности за замрзнување на цените на основните производи и вели дека не се точни предвидувањата дека до крајот на годинава тие ќе поскапат за околу 50 проценти.
Душан Пецовски е избран за нов претседател на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, а нови членови на УО се Иван Туџаров, Александар Томовски, Цане Талевски и Коста Котевски
Со активирањето на третиот блок на РЕК Битола верувам дека ќе ги исполниме потребите на домашната потрошувачка во зимскиот период и оти нема да има енергетска криза во државава, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4 562 214 000 евра и бележи пораст од 31,5 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика
Бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, оствари раст којшто речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор
Соработка која има за цел економско јакнење на жените преку обезбедување поволна бизнис клима и остварување на стратешките цели и имплементација на мерките и активностите предвидени во рамки на Стратегијата за развој на Национална платформа за женско претприемништво, предвидува меморандумот што денеска го потпишаа Министерството за економија и Национална платформа за женско претприемништво
АД ЕСМ ќе го засили ископот на сопствен јаглен согласно максималните капацитети што ги има, но побарувачката на електрична енергија е таква што пресметките покажуваат дека и со количините набавен јаглен исплатливо е да се произведува и продава струја, денеска изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски