По најавата за два нови директни летови на руската авионска компанија „Нордвинд“ со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, 11 руски тур-оператори заедно со претставникот на „Нордвинд“ пристигнаа во посета на државава
Вкупните средства на задолжителните и доброволните пензиски фондови во 2020 година достигнаа 89,5 милијарди денари, односно скоро 13,5 отсто од бруто-домашниот производ за 2020 година, соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС посочувајќи дека пензиските фондови за релативно кратко време ја вратиле и надминале намалената вредност на средствата и постигнале раст од 15 отсто
По повод 20 години од основањето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, институцијата во услови на пандемија, започна со активности за одбележување на овој значаен јубилеј
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември
Во Владата денеска ќе бидат презентирани предлог-мерки за забрзан економски раст на македонскиот старт-ап екосистем
– Нормално, овде правиме дополнително алоцирање на буџетски средства за болниците, школите и градините, кои набавуваат многу поскапа струја од порано или од периодот кога биле планирани овие буџетски средства, изјави Заев.
Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизелот за два денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика
Од 1 декември ќе стапи во сила забрана за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина
Драстично поскапување на храната, во некои сектори и 40 – 50 отсто, најавуваат преработувачите. Тие бараат итна средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи за изнаоѓање соодветни решенија кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок врз потрошувачите
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порачува дека е неопходно македонската економија да се реструктира