Туризмот ги даде очекуваните резултати. Сезоната беше успешна благодарение на владините мерки и политики, креирани заеднички со приватниот сектор, беше речено денеска, на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна за реформата за унапредување на фискалната децентрализација преку изрека на Пол Харви испрати порака до идните градоначалници на општините дека самоуправувањето нема да функционира без самодисциплина
Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти во земајва изнесува: 602 525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. нм3 природен гас, 354 361 тони јаглен и 109 198 тони нафтени продукти
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули
Здружението на граѓани кои се акционери во „Топлификација“, која ја купува бизнисменот Ванчо Чифлиганец реагира на продажбата. Тие велат дека до 2017 година, акцинонерското друштво имало позитивни финансиски резултати, што е единствен случај во регионот.
Како што изјави претседателот на Комората, Неби Хоџа пред состанокот, компаниите – членки на СКСЗМ бараат сериозен пристап и посветеност од сите кандидати за градоначалници, како и реализирање на барањата од Платформата.
Градот и мразот се најизразени ризици во земјоделското осигурување. Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди
Големите домашни извозни компании со доминантна приватна сопственост кои реализирале најмалку 30 проценти од своите приходи од извоз во последната фискална година можат да добијат гаранција до 50 проценти од износот на кредитот за извоз
Активностите за поголема транспарентност што постојано се преземаат од Народната банка, придонесуваат за кредибилитетот на политиките коишто ги води Народната банка, како и за стабилноста на финансискиот систем, беше речено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера