Земјоделските стопанства кои поднеле барање за финансиска поддршка во 2021 година, а од денот на поднесувањето на барањето, до сега, имаат промена во бројот на банкарска сметка, промена на адреса на живеење, или телефонски број за контакт, треба да извршат промена во електронскиот систем во кој е поднесено барањето
Вкупно 30 милиони евра од Европската унија ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Република Македонија во следните седум години
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) се подготвува да објави црна листа на снабдувачи со електрична енергија кои не ги почитуваат договорите со потрошувачите на слободниот пазар, најави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика
Вкупните депозити, во август, на годишна основа, се повисоки за 9,9 проценти, при раст кај двата сектора – корпоративен и домаќинства, којшто е поистакнат кај корпоративниот сектор
Креираме инвестициска клима во која инвеститорите може добро да заработат и кога добро ќе ги платат работниците, а со новиот концепт на привлекување на инвестиции покажавме дека знаеме да го искористиме потенцијалот и на постојните и на новите странски инвеститори, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони
Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје
РКЕ соопшти дека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар за килограм и сега ќе изнесува 39,181 денари
Компаниите, особено малите и средните, ќе имаат можност преку програма поддржана од Швајцарската амбасада и во партнерство со Стопанската комора, да работат на унапредување на човечките ресурси, со посебен акцент на жените и на младите како нововработени
Голема трагедија е тоа што се случи во Тетово и очекувам државата преку институциите на системот да утврди што точно се случило, да се обединиме, а не да имаме политички препукувања на таа тема, изјави за „Утрински брифинг“ министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски