Државниот долг заблежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 проценти од БДП во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени.
Во овој момент не се размислува за седми пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од корона кризата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Виз ер ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија.
Едната третина реализација, значат дека во изградба на патишта, пруги, школи, болници, гасификација, за 8 месеци инвестирани се 10 милијарди 84 милиони денари или 164 милиони евра, покажуваат податоците на министерството за финансии.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 9,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика
Од полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Сите земјоделски стопанства кои од први септември 2020 година до 31 март 2021 подигнале нови повеќегодишни лозови и овошни насади или ароматични растенија и медоносна флора (еводија, багрем и фацелија ) ќе може да аплицираат за финансиска поддршка преку мерката 121 „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“
Најголема инвестиција во македонската преносна електроенетргетска мрежа, вредна 50 милиони евра, која е од огромно регионално значење, вака премиерот Зоран Заев ја најави изградбата на трансформаторска станица Охрид која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод Битола, Македонија и Елбасан, Албанија
Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) соопшти дека новите КОВИД мерки со кои за влез се бара сертификат за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 дена, прометот е намален за речиси 50 проценти